Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието


Припадници на одделението за антитероризам на МВР синоќа ја отстраниле импровизираната експлозивна направа пронајдена вчера попладне по 17 часот во Собранието во ходникот на 1-ви кат.eksplozivna-naprava-118266

Од МВР изутринава информираа дека експлозивната направа е предадена за натамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.

Импровизираната направа се состоела од петарда со фитил кој бил врзан со селотејп за голема плинска боца за полнење запалки.

Началникот на обезбедувањето на Собранието го пријавил случајот вчера во 17:28 часот во ЕИК.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1