Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието


Талат Џафери изутринава дојде во Собранието на РМ и влезе во кабинетот на претседателот на законодавниот дом, потврдија собраниските служби.133679827

Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Талат Џафери во четвртокот беше прогласен за претседател на Собранието од пратениците на СДСМ и дел од албанските партии. Неговиот избор го оспорува ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи го како неуставен и неделовнички.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1