Познат идентитетот на момчето кое се удави во Охрид


Младо момче (22) со иницијали Ј.А. од гостиварското село Градец претпладнево се удави во Охридското езеро во водите кај т.н. Машка плажа, потврдија за Алсат од МВР.


Нуркачки тимови го пронашле на 300 метри од брегот на длабочина од 3,5 метри.

Неофицијално, настанот се случил нешто после пладне, а засега не се знаат причините за трагедијата. Момчето било на педалинка со женско лице.

Од полицијата коментираат дека тоа во еден момент скокнало во водата за да плива, но повеќе не се појавило на површината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1