Екс директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, вчера бил примен на Клиниката за кардиологија каде што лекарите констатирале инфарктобјавува ПЛУСИНФО..
По извршена интервенција на негово барање Чавков ја напуштил клиниката по неколку часа, потврди утрово за Плусинфо, Беким Поцеста, директор на скопската Клиника за кардиологија,
Тој вели дека вчера утро Чавков на клиниката во Скопје бил донесен од струмичката болница каде што првично бил сместен. Лекарите на кардиологија во Скопје направиле сѐ што потребно, вели директорот Поцеста, по што поранешниот директор побарал да ја напушти државната кардиологија и лекувањето го продолжил во приватна болница.
– На барање на пациентот, тој ја напушти болницата. Ние не можеме да спречиме ако некој сака да си оди – вели директорот Поцеста.
Неофицијално, Чавков во моментов се опоравува во една приватна болница.