Најден е режисерот Мето Петровски кој беше пријавен за исчезнат


Мето Петровски, кој вчера беше пријавен за исчезнат, пронајден жив и здрав, информираат неговите пријатели и семејството.

Петровски пред два дена се изгубил во трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош. Тој боледува Алцхајмерова болест и постојано е со придружник, но се оддалечил незабележано.

Мето Петровски беше долгогодишен режисер на документарни филмови во МТВ, добитник на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија за својата 50-годишна творечка дејност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1