Долго време не беше познато како 83 германски заробеници упеале да побегнат од логор во Јужен Велс во март 1945 година, но сега мистеријата е решена.
Написот, објавен во списанието „Journal of Conflict Archaeology“ го опишува најголемото бегство на германските затвореници во Втората светска војна и тоа од Логорот 198 во Јужен Велс.
Овој логор бил наменет за сместување на 1.600 луѓе, но во него престојувале околу 400 илјади. Тие ужасни услови многумина ги принудувале на бегство, но истовремено им овозможувале незабележано да си заминат.
Истражувачите неодамна го скенирале тлото, на кое се наоѓал логорот и откриле тунел, поврзан со Колибата 9.
Тунелот е релативно плиток, се наоѓа се на се 1,5 метри под земјата. Иако влезот е запечатен со бетон, внатрешноста е неверојатно сочувана, велат научниците.
Пронајден е и лажен ѕид во просторијата за туширање, позади кој затворениците ја криеле ископаната земја.
Ниту еден од 83-та германски затвореници не успеал да се врати во Германија.