Како што велат експертите, летото ќе ни потрае, а во октомври температурите ќе бидат значително повисоки отколку што се очекува.
Што се однесува до зимата, изгледа дека и таа ќе има милост. Во однос на минатата, кога имаше екстремно ниски температури кои се задржаа се до пролетта, оваа година нѐ очекува прилично блага зима со средни температури од два до пет степени, а на планините од минус три до еден степен.
Мразот на тлото ќе се задржи скоро два месеци, додека на повисоките предели таа бројка ќе изнесува ќе изнесува околу 80 дена.
Дожд и снег ќе паѓа од 32 до 42 дена, а на планините до 50 дена.
Иако блага, оваа зима ќе биде значително поладна од најтоплата, кога во 1989 година биле измерени дури 26 степени Целзиусови.