Банкноти од 500 евра затнаа тоалетна школка во Женева


Повеќе десетици илјади евра, во апоени од по 500, се најдени заглавени во тоалетна школка во банка во швајцарскиот град Женева, што беше причина локалните власти да започнат истрага.

Како што наведува Би-Би-Си, илјадниците франци се наводно потрошени на водоинсталациски поправки.

Уништувањето банкноти не се смета за прекршок во Швајцарија, но локалните обвинители потврдија дека ги испитуваат околностите – како дошло до тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1