АЕК соопшти и дека директорот Роберт Ордановски е избран за потпретседател на Телото на европските регулатори на Европската комисија (БЕРЕК), за 2014 година.
Прифатена е иницијативата на Агенцијата за електронски комуникации за усогласување на меѓународниот роаминг на Македонија со роамингот на земјите од Европа.
Одлуката ја донел Директоратот на комуникациски мрежи на Европската комисија, по ова се очекува намалување на роаминг цените, откако владата ќе создаде правна рамка со која ќе се регулира пазарот на меѓународен роамниг во земјава.