Владата ја укинува забраната за продажба на алкохол после 19 часот


Ќе се укинува забраната за продажба на алкохол после 19 часот во продавниците. Владата на денешната седница одлучила да се укине и лиценцата за алкохол и тој да може да се продава насекаде, како што беше порано.

„Министерството за економија на владината седница ја презентираше информацијата за изменување на Законот за трговија согласно иницијативата на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“. Со информацијата, Министерството за економија во рок од два месеци треба да достави Предлог за изменување на законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца.“ – стои во соопштението на Владата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1