Најдена мртва жената што доби милион на лото, а користеше бонови за храна


Жената која пред една година доби 1 милион долари на Лото во Мичиген најдена е мртва во својата куќа денеска.

Под кои услови полинала Amanda Clayton полицијата сеуште не соопштува, јави ABC News. Спроед неофицијални информации умрела од предозирање. Во тек е аутопсија по што полицијата ќе ја соопшти официјалната причина за смртта.

Нејзиното тело било пронајдено во нејзиниот дом во Ecorse

Оваа добитничка на лото стана позната по тоа што новинарите ја фатија на дело како и откако го доби милионот користи државни бонови за бесплатна храна, и примала 200 долари месечно од државата. Прашана дали мисли дека тоа е во ред кога има многу социјални случаи на кои навистина им се потребни тие пари таа одговори ,, па да, и јас сум невработена, добив милион ама со се данок и се што ми скратија на крај останав само со 500 000 а имам две куќи за одржување,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1