Етиопјанците го прославија Пронаоѓањето на Светиот Крст – Фото


Милиони туристи и уште повеќе Етиопјанци присуствуваа на големата прослава на верскиот празник Маскал.

Етиописката православна црква и Еритрејскитеправославни цркви со заедничка церемонија го симболизираа пронаоѓањето на Вистинскиот Крст од страна на Кралицата Хелена во четвртиот век.

Манифестацијата позната под името Празник на воздигнување на Светиот Крст започна со голема парада во центарот на Адис Абеба. Огромни групи на деца и возрасни облечени во традиционална црковна облека, на многупати го создаваа етиопјанското знаме и игра во ритамот на празничните песни.

Од друга страна пак, туристи дојдени од секаде на светот од Кина и Јапонија, па се до Норвешка и Америка ја следеа манифестацијата. По обредот на пронаоѓање на Светиот Крст, високи свештени лица го запалија големиот оган познат како Демера. Огнот Демера се заснова на верувањето дека Кралицата Хелена сонувала дека чадот од огнот кој таа ќе го донесе ќе ја однесе до местото каде е закопан Вистинскиот Крст.

Небројни мали светла ја исполнија темнината на приквечерието во Адис Абеба, откако верниците запалија свеќи славејќи го пронаоѓањето на Светиот Крст.

Славицa Савеска Кењереш

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1