Италијанските научници откриле врска меѓу добриот изглед кај жените и ултра болните менструации.
Ендометриоза е името за состојбата која се карактеризира со наоѓање и рас на ендометријално ткиво (внатрешен слој на матката) и надвор од ендометријата и миометрија на матрицата, а главниот и најчест симптом на ендометриозата е менструалната болка, поради која често жените го проколнуваат денот кога се родени како женски суштества.
Италијанците биле љубопитни па направиле истражување. Биле собрани 300 жени, од кои 100 од нив биле болни од ретровагинална ендометриоза, кај другите 100 имало „нормален“ облик на оваа болест, додека кај останатите 100 воопшто немале ендометриоза. Докторите потоа ги мереле градите, обемот на струкот, половината и колковите.
Така што имало двајца доктори кои што не биле свесни за нивната здраствена состојба, па имале за задача да ја оценат привлечноста на испитаничките, со оценка од 1 до 5.
Октриле дека жените кои пателе од ретровагинална ендометриоза имале убави облини и привлечни задници, а голема била разликата и помеѓу половината колковите.
Жените исто така пополниле прашалници за нивната сексуална историја, а резултатите покажале дека жените кои страдаат од тешка ендометриоза, многу често и многу рано влегувале во сексуални односи, што резултира со степен на привлечност дури и за време на пубертетот.
Иако не е точно не е утврдено зошто жените со такви нарушувања се поатрактивни од другите, се смета дека во ова голема улога игра хормонот естроген, па жените кои се атрактивни редовно имаат поголемо ниво од наведениот хормот, за кој се претпоставува дека предизвикува ендометриоза.