ГОЛЕМ НОС – ДОБАР ЧОВЕК: Што обликот на носот зборува за карактерот на мажот


Каков нос таков карактер, вели науката.
Иако е распространето мислењето дека мажите кои имаат подолг и подебел нос се надарени и на друго место, научно е докажано дека тоа не е вистина. Но, носот може да ни открие различни аспекти од машката личност.

Прчест нос
Станува збор за разумен,  практичен и сталожен маж. Најсреќен е кога може да им помогне на луѓето кои ги сака. Многу е духовит и забавен, секогаш е во центарот на вниманието. Амбициозен маж кој секогаш се труди на професионален план да постигне голем успех. Ако му ја доверите својата најинтимна тајна тој никогаш нема да ве издаде. Овој маж не сака авантури, ужива во долги и романтични љубовни врски.

Месест нос
Ова е великодушен и многу емотивен маж. Тој тешко ги покажува своите чувства и ако својата четриесетта година ја дочека неоженет тешко дека ќе се ожени понатаму. За да постигне нешто во животот треба многу да се намачи. Маж со ваков нос е одличен љубовник и умее да ја усреќи својата партнерка. Сака да доминира, токму затоа има проблеми во врските. Сака силни жени на кои ќе може да се потпре кога ќе падне во криза.

Кукаст нос
На прв поглед тој е стабилен, снажен и упорен. Меѓутоа, под маската се крие несигурен маж кој често не е во состојба сам да си ги решава проблемите. Многу е нетрпелив, сака караници и мисли дека е секогаш во право. Љубовните врски преферира само заради сексуално задоволство. Затоа, долгите и сериозни врски според него се чиста глупост.

Правилен нос
Брзо се вљубува и сака долги врски. Верен е, но истовремено знае да биде и љубоморен. Многу е љубопитен и сака да експериментира. Ова е тип на маж кој многу анализира. Го привлекуваат срамежливи жени кои долго ќе ги освојува. Прилично е вообразен и склон да ги омаловажува луѓето кои се послаби од него.

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1