Кој ги посетува секоја ноќ? (ВИДЕО)


Џонатан Вилис е само еден од жителите на Отвеј во Северна Каролина(САД), кои секоја ноќ во истото време на небото гледаат шест портокалови топки што лебдат, ротираат и ја менуваат формата.

Објектите се појавуваат секоја ноќ на истото место, а Вилис успеал некако и да ги сними. Иако на снимката не може точно да се види за што станува збор, тој докажува дека навистина се работи за небески феномен, кој треба некако да се објасни.

Блиската воена база потврдила дека ноќе прават некои експерименти, но жителите на местото тврдат дека тоа што го гледаат на небото не одговара на описот на вежбите, што војската ги опишала.

Поради тоа, повеќето и понатаму бараат нови објаснувања, а авторот на снимката смета дека се работи за вселенски бродови. Прилогот од вестите за случајот од Северна Каролина, погледнете го во продолжение:

Tags:

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1