Во српските медиуми се појави листа на српски политичари кои изминатите 20 година редовно одавале државни тајни на челниците на САД и на Амбасадата во Белград. Списокот го објави „Српски Телеграф“ а информациите се добиени врз основа на депешата објавени на „Викиликс“.
На листата се наоѓаат, поранешниот претседател Борис Тадиќ, поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, актуелниот претседател на Демократска партија и зет на фолк пејачот Мирослав Илиќ, Драган Шутановац, поранешниот градоначалник на Белград, Драган Ѓилас и др.