Драма се одвива за Божиќ откако избувна пожар во стан во близина на македонското Собрание, кај НЛБ Тутунска банка.
Според соседите, сопственикот В.M. сам си го запалил станот и веднаш избегал.. Пожарникарите инфорираат дека засега нема повредени во пожарот, информира Република..
По интервенција на противпожарните возила е локализиран пожарот што утрово избувнал од стан на улицата Даме Груев, позади Собрание. Неофицијално, станар сам си со запалил станот а станарите од зградата за „Макфакс“ изјавија дека подолго време имале проблем со тој станар и неделава неколкупати го пријавувале. Станарот на опожарениот стан е изнесен и моментно се наоѓа во полициска станица, а еден пожарникар побарал медицинска помош. Станува збор за лицето Влатко Митревски кој до пред една година работел како професор во Штип.
Полицијата не дозволува приод до зградата во која избувна пожар од еден стан. Иако пожарот е локализиран во зградата има станари кои не можат да излезат поради чадот а еден од станарите од петтиот кат е со сопругата во својот стан и бара помош да го извлечат.
Останатите станови не се зафатени од пожарот а во ходниците имало чад и станарите излегле надвор. Во склоп на зградата има банки, но и други локали, кои не се опожарени и немаат штета.
Повеќе фотографии и видео погледнете на фејсбук страната Skopje – Скопје.