Атентат во Косовска Митровица: убиен српски политичар, Вучиќ го свика Советот за безбедност (ФОТО)


 

Застрелан зад грб, полицијата пронашла запален автомобил..

Политичарот и лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ (64) е убиен утринава во 8:15 часот во Косовска Митровица.

Според неофицијалните информации на српските медиуми, во моментот кога е убиен, Ивановиќ се наоѓал на скалите пред вратата од партиското седиште. Застрелан е во грб од долга „деветка“.

Неофицијално, напаѓачите пукале од пиштол со пригушувач, а полицијата пронашла и запален автомобил.

Првичните информации кои ги пренесуваат српските медиуми говорат дека целиот северен дел на Косовска Митровица е под силна полициска блокада во потрага по убиецот и евентуално негов соучесник.

По нападот Ивановиќ итно бил транспортиран во Клиничката болница во Косовска Митровица, но без знаци на живот. Итната помош ја повикала сосетката која излегла да купи леб.

Ивановиќ сепак околу 9:30 часот им подлегнал на повредите, тој бил ранет повеќе пати во горниот дел од телото.

На местото на убиството пронајдени се 4 чаури, а пиштолот имал пригушувач. Напаѓачот, пишуваат медиумите, бил имал качулка на главата, дебела зимска јакна и чекал Оливер да се приближи до куќата каде е партиското седиште, пукал во него и се дал во бегство.Недалеку од местото на убиството пронајден бил запален автомобил „Опел астра“ со кој убиецот најверојатно избегал, а потоа го запалил за да ги скрие трагите. Засега нема потврда, но многу веројатно е дека убиецот имал соучесник кој го чекал во автомобилот.

Адвокатот Небојша Влајиќ потврди за Танјуг дека лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, им подлегнал на повредите откако бил застрелан утрово во Косовска Митровица.

Како што додаде, Ивановиќ имал повеќе рани во горниот дел од телото, а лекарите се обиделе да го реанимираат, што не успеало.

„Се остварија нашите најлоши стравови, лекарите во 9:30 објавија дека Оливер Ивановиќ починал. Се обиделе да го реанимираат, но ништо не успеало. Тој има повеќе прострелни рани во горниот дел од телото и, за жал, не можел да се избори со тоа“, изјави Влајиќ за Танјуг.

Влајиќ нема информации за тоа како се случил трагичниот настан.

„Тоа се случило пред влезот во неговата канцеларија кога тргнал на работа“, рече Влајиќ.

Ивановиќ е бивш државен секретар за Косово и Метохија во бившото Министерство за Косово и Метохија. Беше член на помала српска партија, Социјалдемократската партија, политички и хуманитарен лидер на косовските Срби главно од северот, односно од Косовска Митровица. Му се судеше за воени злосторства, бидејќи во 1999 година наводно дал наредба за убиство на Албанци во Митровица.

Српската делегација во Брисел ги прекина преговорите и итно се враќа во Белград поради убиството на Ивановиќ. Поради овој атентат и поради заканите на претседателот на косовското собрание Кадри Весели, српскиот претседател Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност денес во 12 часот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1