Главоболката знае да се појави од нигде никаде – а народски се вели ме заболе глава од ништо – но не е сосема така.
Она што го јадеме има големо влијание дали ќе ве боли глава или не. Некои намирници како црвеното грозје, чадени кашкавали или црното вино се позврзани со главоболката и мигрената.
Виновникот е Тирамин – дериват на природни аминокиселини кој се создава по распаѓањето на протеините. Кај чуствивтелните луѓе на тој молекул, тирамин предизвикува покачување на крвниот притисок, а тој пак предизвикува главоболка.
Симптоми дека не поднесувате тирамин се осип, мигрена и алергиски реакции, а истражувањата покажале дека во 20 насто случаи на мигрена – таа е предизвикана поради нетолеранцијата на тирамин.
Во тој случај избегнувајте да јадете намирници кои содржат тирамин, а храна која може да ви помогне е онаа која содржи сумпор – како белиот лук, кромид и брокула.
Еве што содржи тирмин.
– Ферментирани сирења
– Црно грозје
– Пиво
– Чоколадо
– Агруми
– Кисела зелка
– Соја сос
– Црвено вино
– Квасец
– Авокадо