50 години од првата песна на Битлси “Love Me Do” – Видео


Песната “Love Me Do”, првиот сингл на Битлси кој ја означи револуцијата во музиката слави 50 години. Коавтори на песната се Џон Ленон и Пол Макартни и беше првиот хит за легендарната четворка.

Снимен е во јуни 1962. во лондонското студио Ebi Roud, а во продажба се појави на 5 октомври истата година.

– таа песна е важна затоа што самите изведувачи беа автори, што дотогаш не беше пракса бендовите да изведуваат свои песни, но Битлси го променија трендот. Поради нив во средина на 60 те веќе беше незамисливо голем рок бенд да не е автор на сосптвените песни.

Иако беше хит “Love Me Do”, кои беше објавен заедно со “P.S. I Love You” на Б страната, на британската поп листа стаса само до 17 место. Но се потоа се забрза во нивната кариера, нивниот следен сингл “Please Please Me” стаса до 2 место, а “I Want To Hold Your Hand” 1964. беше хитот со кои Битлси ја освоиа Америка и го почнаа феноменот наречен ,, битлманија,,

50 години подоцна Битлси се сеуште една од најкомерцијалните, најпопуларните и највлијателните групи во историјата на поп и рок музиката. Олицетворение на идеали на една ера. Списанието “Time” членовите на мендот – Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар ги смести меѓу највлијателните луѓе на 20 век.

По повод јубилејот дискографската куќа EMI ќе ги објави сите албуми на ливерпулската четворка. Изданието ќе биде во ограничена количина од 50 000 примероци, а ќе се продава заедно со книгата и фотографиите на Кевин Хаулет – најголемиот познавач на Битлси во светот.

На албумот ќе се најдат “Please please me” i “With The Beatles” iz 1963, “A Hard Day”s Night” –  “Beatles For Sale iz 1964, “Help!” – “Rubber Soul” (1965), “Revolver” (1966), “Sgt. Pepper”s Lonely Hearts Club Band” – “Magical Mystery Tour” (1967), “White Album” – “Yellow Submarine” (1968), “Abbey Road” (1969), “Let It Be” (1970), како и колекцијата синглови од 1987.  “Past Masters”.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1