Протести во 13 градови во Грција за името „Македонија“


Во 13 градови од северниот дел на Грција во среда, на 6 јуни, во 19.30 часот, ќе се одржат 13 паралелни протести за „грчкиот карактер на Македонија“.

Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птолемаида, Катерини, Лагадас и туристичкото место Неа Мудања на Халкидики, се местата каде организаторите, „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, ги повикуваат граѓаните да излезат на собир за да се „спречи криминалот со предавање на името на Македонија на фалсификаторите на историјата“.

– Ако некои во грчкиот Парламент сакаат да ѝ се спротистават на народната волја не треба да има ни најмал сомнеж дека тие ќе се соочат со народниот бес што не заборава, ниту пак простува. Се бара подготвеност од секој Македонец и од секој Грк и Гркинка, за да ја одбраниме нашата Македонија – стои во повикот од организаторот „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, објавен на социјалните мрежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1