Заев: предлогот Илинденска Македонија веќе е одбиен


Бидејќи грчката опозиција го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“, не разговараме веќе за тој предлог, одговори премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

„Блиску сме до можно решение во спорот за името со Грција. Треба да бидеме внимателни да не се наштети на процесот- рече Заев.

Со решение за името, шансите се огромни да добиеме датум за преговори со ЕУ, рече премиерот Заев на пратеничко прашање oд опозицијата – дали Македонија има гаранција дека ако го смени името ќе добие датум за членство во ЕУ.

„Убеден сум дека сме на пат кон можно решение. Шансите се огромни да добиеме датум со решение на спорот штo трае 25 години. До 20 јуни да се обидеме да најдеме решение“, рече Заев.

Премиерот не одговори дали прифаќањето на ерга омнес важи за кој било друг предлог за името, како што важеше за предлогот Илинденска Македонија, прашање кое кон него го упати пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа побара одговор и зошто Грција го одби предлогот Илинденска откако Заев објави дека за тоа се договориле со Ципрас.

„За да го соопштам Илинденска, значи со Ципрас сме се усогласиле до степен да се провери овој предлог дома со другите чинители. На лидерската средба бев убеден дека има надеж, но грчката страна, за жал, го одби предлогот“, рече Заев.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1