Во несреќата што се случи при лизгање на земјиште во југозападниот кинески регион Јунан, загинаа 18 ученици.
Спасувачкиот тим изутринава го пронајде и последниот 18-ти ученик. Училишната зграда и два објекти од фармата во непосредна близина се зафатени од свлечишта, а во несреќата во селото Женхе е затрупано уште едно лице.
Провинцијата Јунан на 7 септември беше погодена од два земјотреси со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала, во кои загина 81 лице.Едно тешко повредени лице е пренесено во болница и се наоѓа во стабилна состојба.
За време на несреќата учениците одработувале пропуштени часови поради земјотресот на 7 септември.