„Фабрика продукција“ на својот официјален канал на „јутјуб“ денеска објави нов спот на Влатко Илиевски.
Станува збор за видеозапис за песната „До крајот“. Нема детали кога е снимен овој проект, а видеото е споделено и на „фејсбук“ на една од фан-страните на трагично починатиот пејач.
Познатиот македонски пејач, беше пронајден мртов во автомобил на 33 годишна возраст. Се уште јавноста е потресена од смртта на Илиевски, а естрадата со неверување зборува за несреќата на прерано починатиот колега.