Осум дена притвор за градоначалникот на Ново Село


Судија во претходна постапка во Основиот суд во Струмица му одреди мерка осумдневен притвор на градначалникот на Ново Село, Боро Стојчев. Истата мерка им е одредена и на останатите три лица, а на едно лице му е одземена патната исправа.

Основното јавно обвинителство Струмица поведе постапка против пет лица за сторено кривично дело Криумчарење од чл.278 ст. 2 во врска со ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Градоначалникот на Ново Село и останатите осомничени за шверц на цигари мерката притвор ќе ја издржуваат во затворот во Прилеп.

Завчера околу 19 часот во близина на див премин на границата меѓу Македонија и Бугарија, во близина на селото Бадилен, полицијата ги приведе петмината во обид за шверц на околу 3.300 штеки цигари цигари во вредност од 3.245.589 денари.

Стојчев, вчера бил уапсен откако полицијата пресретнала две моторни возила натоварени со кутии со цигари.

Од СВР Струмица соопштија дека во едното возило имало 29, а во другото 49 кутии со по 50 штеки цигари. Едното возило го управувал токму градоначалникот на Ново Село, додека во другото возел 24-годишниот Г.С., кој е во роднинска врска со Стојчев.

Основното јавно обвинителство во Струмица ги товари за сторено кривично дело Криумчарење, за кое е предвидедена казна затвор од шест месеци до 5 години.-Лицата се осомничени дека на 10.07.2018 година се обиделе да пренесат непријавена стока – цигари преку див премин на македонско-бугарската граница. Од страна на овластени полициски службеници биле откриени и сопрени на два километри од граничниот камен, при што во двете возилата со кои се превезувале им биле пронајдени 66 картонски кутии со околу 3.300 штеки цигари, во вредност од 3.245.589 денари.

Станува збор за криумчарење поголемо количество непријавена стока, за кое кривично дело согласно Кривичниот законик, е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1