17 години по злосторството, погребан Крсто Гоговски, еден од 12-те киднапирани Македонци


По 17 години од киднапирањето и убиството и 14 години по наоѓањето на делови од телата на 12-те киднапирани Македонци во конфликтот во 2001 година, Крсто Гоговски конечно ќе го најде својот мир. Крсто  ќе биде упокоен на гробиштата во село Непроштено и со тоа ќе биде првиот од 12-те киднапирани Македонци кој ќе биде погребан, потврдија за Плусинфо роднини на Гоговски.

Роднините на киднапираните Македонци од случајот „Непроштено“ 14 години одбиваат да ги подигнат останките на своите блиски од Институтот за судска медицина, бидејќи не се убедени дека станува збор за нивните блиски и оти не сакаат да погребаат само делови од саканите.

Киднапираните Македонци беа пронајдени во масовна гробница кај тетовско Непроштено.Неколкумина беа осомничени за киндапирањата но до судски процес никогаш не дојде оти беше прогласена амнестија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1