Бразилски адвокат ликвидиран пред очите на своето семејство (Видео)


На застрашувачка снимка, направена од надзорна камера во државата Пернамбуко во Бразил, се гледаат последните моменти од животот на бразилски адвокат кој беше брутално ликвидиран пред очите на своето семејство.

Адвокатот заедно со својата сопруга и малолетна ќерка излезе од семејното возило и ѝ го предаде детето на сопругата во моментот кога сфати дека ќе биде убиен.

Четириесет и шестгодишниот адвокат Андре Риберио го паркираше автомобилот пред една куќа, по што излезе, го заобиколи, ја отвори вратата и го извади детето од автомобилот, додека напаѓачот отстрана ја надгледувал целата ситуација, објави британски „Сан“.

Неколку моменти подоцна, во кадарот се појавува човек облечен во бела маичка, со капа на главата и пиштол вперен кон адвокатот.

Во оваа страшна ситуација, таткото веднаш ѝ го предаде детето на својата сопруга, не покажувајќи страв пред нив. Потоа легна покрај автомобилот, а напаѓачот, од непосредна близина, испука пет куршуми кон него.

Рибеиро починал на самото место, а неговата сопруга и ќерка не се повредени. Убиецот избегал од местото на настанот, соопшти бразилската полиција, која презема мерки за расветлување на причините за убиството и апсење на злосторникот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1