Договорена е техничка влада по пржински модел


Останува Државната изборна комисија која треба да го спроведе референдумот да се избира по старо, со двотретинско мнозинство, наместо според новиот предлогот на власта да се избира со 61 глас.

Ваков договор паднал на денешната лидерска средба.Премиерот Заев изјави дека го прифатиле и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за таканаречената пржинска влада.

Според него власта се согласила на позициите на ВМРО-ДПМНЕ – измените во законот за финансирање на политичките партии и во законот за влада.

И опозицискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека има договор за одредени теми.

-Се согласивме за процедурата која беше почната за формирање на ДИК, кои се однесуваа на смена на двотретинското со просто мнозинство, да се стопира и да се врати процедура. Не разговаравме за референдумот, ни за карактерот, ни за прашањето. Важно е дека со овие усогласеност се гарантира успешен изборен процес, било да се предвремени или редовни и опозицијата ќе може да се чувствува комотно како и тогашната опозиција во 2016 година. Исто така и во однос на Законот за финансирање на политичките партии е исчекор кон модел за зголемена транспарентност и отчетност на финансиите на политичките партии и ќе превенира злоупотреби, изјави Мицкоски.

Речиси цел ден народните избраници го очекуваа договорот од лидерската средба.

Изгласаа многу закони но не и предлогот на измените за Изборниот законик поднесени од владата со кој ДИК ќе се избира со апсолутно а не со двотретинско мнозинство.

Неофицијално собранискиот спикер Талат Џафери најави дека по лидерската средба, претенциите ќе работат до доцна во ноќта се со цел да го потврдат договореното меѓу лидерите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1