„Ахр лаб“ демантира дека учествувала на медицинскиот тендер


„Ахр лаб“ нема поднесено понуда на тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски анализи, соопшти нејзиниот управител Александар Јовановски, реагирајќи на написи во кои се спомнувало името на оваа компанија.

– Моето име и името на моето семејство, чии компании ги претставуваме, работат во Македонија повеќе од 30 години токму во делот со набавка на медицинска опрема, потрошен материјал, реагенси и слично. Сите што пренесоа лажни информации барам веднаш да ги отстранат од своите медиуми и јавно да се извинат за искажаните лажни ставови. Во спротивно ќе бидам принуден да поведам правна постапка за заштита на мојот углед и на мојата чест, наведува Јовановски.

Министерството за здравство денеска соопшти дека ја прекинува тендерската постапка за набавка поради пoстоење неправилности во документацијата на што укажала првичната евалуација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1