Градоначалникот на Ново Село се спогоди со обвинителството и доби 18 месеци затвор за обид за шверц на цигари


Градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчев кој беше фатен во шверц на цигари доби казна за твор од 1,5 година. Неговата сопруга Јулијана поради лошата здравстевна состојба е осудена на една година условно доколку него повтори делото во нареднитте две години, нивниот син Виктор и внукот Горан Стојанов се осудени на по една година, додека петообвинетиот во случајот Митко Тотошев кој во периодот на шверцувањето имал задача да го набљудува теренот и да известува за евентуалното присуство на полицијата доби казна од десет месеци.

Причината зошто градоначалникот на Ново Село има највисока казна е поради тоа што тој за разлика од другите веќе се водел во казнената евиденција со две други кривични дела, од кои за едното сеуште тече условната осуда. Сите петмина ја признале вината откако претходно им било прекфалифукувано делото. Како што појаснија од струмичкиот суд тие биле судени за истото кривично дело , криумчарење, но не по првиот облик кој се однесува на веќе довршено дело и занимавање со истото , туку по вториот облик кој значи дека се гонат за истото кривично дело, но во обид бидејќи биле фатени како се обидуваат да ги прошверцуваат цигарите од македонска на бугарска територија.

За овој случај реагираа од ВМРО ДПМНЕ, според кои ова било фарса од судење.

И покрај тоа што судот предлага укинување , градоначалникот Стојчев останува во притвор се додека течат роковите на жалба. Дали тој на издржување на казната ќе замине од притвор или пак претходно ќе биде пуштен зависи од одлуката на апелација која треба да одлучува по жалбата на обвинителството. Законот за локална самоуправа предвудува престанување на мандатот на градоначалникот доколку тој биде осуден на казна затвор подолга од шест месеци. Во конкретниот случај и покрај тоа што овој услов е исполнет доколку биде ослободен од притвор градоначалникот може да се врати на функцијата се додека течат роковите за жалби и додека пресудата не стане правосилна. Во меѓувреме од општина Ново Село повторно не успеавме да добиеме информации дали градоначалникот овластил некој да го заменува или не и дали воопшто некој можеда потпишва документи и решенија за плати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1