Нов случај: Шест годишно дете од Охрид примено на Детска клиника поради компликации од дијабет


Уште едно шестгодишно дете од Охрид со компликации од дијабетес тип 1 и во тешка сосотојба денеска со Брза помош е донесено на Клиниката за детски болести. Според информации на Сител и тоа било во состојба на кетоацидоза исто како и претходните три случаи кои вчера ги обелоденија од асоцијацијата за детски дијабет Баланс Мк. Во текот на денот 14 годишното девојче од Охрид се разбудило од кома во КАРИЛ и било подобро.

-14-годишното девојче денеска е подобро , а инсулинот повеќе не се дава интровенозно, изјави д-р Марина Крстевска Константинова, ендокринолог на Клиниката за детски болести.

Во меѓувреме Државниот санитарен и здравствен инспекторат испитува дали навремено реагирале лекарите од Охрид, Гевгелија и Свети Николе од каде се децата. Инспектори ја проверуваат целокупната документација и третманот и кај матичните и во болниците од каде пациентите биле пратени на скопските клиники.

– Ако тие извештаи иницираат друга постапка ќе испратат соодветно барање до Министерството за здравство за формирање вонвреден стручен надзор, иајави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

И додека инспекторите сеуште истражуваат, а од ДСЗИ извештајот го најавија за неколку дена и повикаа да не се брза со заклучоци, заменик министерот за здравство Асим Муса за случајот со 14 годишното девојче од Охрид тврди дека немало лекарска. Тој ги обвини родителите за состојбата на детето.

-14-годишното девојче го однеле на лекар дури неколку дена откако се вложила неговата здравствена состојба, изјави Асим Муса, заменик министер за здравство.

Од асоцијацијата за детски дијабет вчера изразија сомнеж дека дијабетесот кај детето навреме не бил дијагностициран и затоа паднало во кома. Ги повикаа надлежните да го испитаат случајот.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1