Маја Авдилбеговиќ (35), ќерка на Милиќ Вукашиновиќ, поранешниот тапанар на „Бијело дугме“ и фронтмен на „Ватрени пољубац“, изврши самоубиство во сараевската населба Језеро синоќа околу полноќ.
„Милиќ е надвор од себе и ве молам да имате разбирање“, рече Сузана, сопруга на Милиќ Вукашиновиќ.
Музичарот и неговата сопруга последните неколку дена биле во Сараево и во Белград се вратиле доцна синоќа, а утрово ги дочека веста за ужасната трагедија.
Да потсетиме, ќерката на докторот ја рокенрол мртва ја пронајде другарката коај веднаш повика итна помош и полиција, но на Маја за жал и немаше спас.
Според прелиминарните резултати од истрагата и по прегледот, утврдено дека причина за смртта најверојатно е предозирање со наркотици или лекови.
Портпаролот на МВР за Кантонот Сараево Сувада Кулдија потврди дека полицијата во станот од една зграда пронашла безживотно женско тело.