Од денеска Интерпол трага по 19-годишниот Јетон Љужа кој е третоосомничен за убиство на Никола Саздовски – Саздо, кој брутално беше претепан во Автокоманда, а по десет дена кома, Саздо им подлегна на повредите во болница, објави ТВ24.
Обвинителството делото првично оквалификувано за насилство го премине во убиство на свиреп начин.
Од денеска Љужа е ставен во делот потраги на сајтот на МВР. Тоа значи дека по 10 дена конечно е распишана потерница.