Српската Влада го затвори детскиот воен камп на Златибор


Младинскиот камп на Златибор, во кој деца со униформи, по терк на руски кампови, беа подготвувани на воени вештини, е затворен доцна синоќа. Полицијата го затворила кампот затоа што во него децата се обучувале да составуваат и расклопуваат оружје и да пукаат.

„Мислам дека ќе научам практични вештини кои немаме прилика да ги научиме во училиште“.
„Мислам дека добро ќе ми дојде за некои физички потреби во вистинскиот живот“.

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ потврди дека кампот е затворен поради тоа што деца учеа војнички вештини.

„Ние дадовме налог за распуштање на кампот поради можност за злоупотреба на децата и вознемирување на јавноста“, вели Небојша Стефановиќ – мин за внатрешни работи на Србија

Родителите на децата кои беа во кампот, потврдија дека полицијата влегла во кампот и дека кампот се затвора и дека за околу 50 сеттина деца е организиран превоз до домовите. Дел од организаторите велат дека кампот го замислиле по теркот на руските.

„Пробуваме да им го приближиме патриотското воспитување како што во Русија се спроведува повеќе години, најпрво децата ги учиме за помош едни на други, културата и традицијата на српска војска“, вели Жељко Вулелиќ – Здружение на учесници на вооружени конфликти во поранешна Југославија

Властите велат дека на летниот камп на планината Златибор учествувале деца на возраст од 12 години и возрасни над 23 години. Вкупно 34 мажи и 12 жени присуствуваа на еднонеделниот „Младински патриотски камп Златибор 2018“. Присутните на кампот беа од Србија, Црна Гора, и БиХ. Децата учеле основни техники на преживување во природа, вклучувајќи и како да се однесуваат во борба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1