Под урнатините во Џенова најдени телата на 9 годишно девојче и неговите родители


Уште три тела беа најдени под урнатините од бетон од срушениот мост Моранди во Џенова, со што вкупниот број на жртви досега се искачи на 41, пренесе новинската агенција АНСА.

Пожарникарите ги најдоа телата на деветгодишно девојче и неговите родители во „потполно уништениот“ автомобил под урнатините на мостот што се сруши пред неколку дена.

АНСА објави дека бројот од 41 жртва и понатаму е неофицијален бидејќи допрва треба да се идентификуваат телата.

Од 10 до 20 лица се уште се водат како исчезнати.

Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост.

Предвидена е литургија и погреб на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.

Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија (РАИ).

Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот. Повеќе од 30 автомобили и камиони паднаа во провалијата далабока 45 метри. Се смета дека причина за трагедијата е пукање на еден од бетонските носачи на сајлите на мостот. Бетонскиот мост Моранди беше изграден во 1967 година, а реконструиран во 2016 година.

Иалијанскиот премиер вчера почна постапка за одземање на дозволата за работа на приватната компанија што управуваше со мостот. Компанијата „Autostrade per l’Italia“ отфрла секаква одговорност за трагедијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1