Македонскиот конзул во САД возел пијан – Америка не му го признава дипломатскиот имунитет


Почесниот конзул на Македонија во САД Лу Влашо се соочува со обвинение за возење автомобил под дејство на алкохол откако удрил во дрво минатата недела.

 

Според полиција во областа Колиер во градот Непл во Флорида тој од сообраќајните полицајци барал да биде ослободен тврдејќи дека има дипломатски имунитет, јавува Канал 5.

Полицајците го пронашле 75 годишниот Влашо неповреден надвор од неговиот мерцедес при што тој тврдел дека изгубил контрола над неговото возило, ја покажал својата картичка за идентификација од американскиот Стејт департмент и тврдел дека се враќа од настан на кој се собирале пари за политичка кампања.

Неговиот дипломатски имунитет не е прифатено од Стејт департментот затоа што тој не бил ниту на службено патување, ниту пак возење под дејство на алкохол може да биде дел од неговите дипломатски обврски.

Влашо ќе одговара и за нанесување штета на јавен имот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1