Видео: Паника во „заразениот “ авион – патниците ставени во карантин на аеродромот во Њујорк


Објавени се снимки од авионот од Обединетите Арапски Емирати кој е ставен под карантин на аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк.

Според тоа што може да се види од снимките во авионот владее целосна конфузија, а еден од сведоците вели дека авионот изгледа како „летачка амбуланта“.

Инаку засега се уште нема официјална потврда од што се разболеле дури 100 од вкупно 500 патници во авионот.

Инаку болните патници кашлале, имале повишена телесна температура а некој од нив дури и повраќале.

Според последните информации на „Чикаго трибун“ патниците во авионот имале слични симптоми на грип.


„Симптомите кои ги имале патниците укажуваат на инфлуенца, но додека не ги добиеме комплетните резултати од анализите не можеме да ја дадеме конечната дијагноза“, изјавил официјалниот здравствен претставник  на Њујорк Оксирис Барбот.

Ерин Сајкс, една од патничките во авионот изјавила дека многу луѓе на летото изгледале болни уште пред почетокот на полетувањето. Таа авионот го опишала како „летачка амбуланта“ и нагласила дека од екипажот на авионот побарала маска пред почетокот на 14 – часовниот лет за и таа самата да не се разболела .

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1