Заев со осуда за однесувањето на Анѓушев кон новинарите


Премиерот Зоран Заев го осуди однесувањето на вице-премиерот Кочо Анѓушев кон новинарите и фрлањето фломастер пред нив. Очекува вицепремиерот да се извини и да не му се повтори. Заев вели новинарите не треба да го сфатат тоа како демонстрација на сила и моќ и обид за цензура.

„Како професор многу често го користи фломастерот како експликација при објаснување и се надевам дека и за тоа ќе продолжи да го користи. Нашата тенденција е да бидеме транспарентни до крај“, вели Зоран Заев – Премиер на Република Македонија

Според дел од новинарите кои присуствуваа на брифингот со Анѓушев, на вицепремиерот не му се допаднала емисија за него и во знак на револт ноншалантно го фрлил фломастерот кон новинарите со кој цртал и објаснувал за автопатот Кичево-Охрид и со висок тон им рекол на новинарите дека претеруваат.

Премиерот со коментар и за стипендијата од 40 000 долари која Владата и ја додели на ќерката на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Премиерот не гледа ништо неетично , затоа како што вели се работи за деца, а стипендијата била законски доделена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1