Хорор во Перт: Пронајдени тела на пет лица, меѓу нив има и деца


Полицијата во Австралија пронашла безживотни тела на пет лица во предградие на Перт, изјавил помошник комесарот на западноавстралиската полиција Пол Стил.

-Се уште не ја истраживме локацијата. Знаеме дека се работи за возрасни лица и деца. Можам само да кажам дека меѓу жртвите е најмлку една жена, но не повеќе од тоа. Местото се уште не е испитано од форензичари, па точниот број на возрасни лица и деца се уште не е познат, изјавил Стил.

Помошник комесарот не соопштил ниту дали луѓето се убиени и дали е пронајдено оружје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1