Автобус удри во надвозник, многу повредени


Во 12 часот на улица „100“ во село Волково, скопско, 43-годишниот Д.Б. од село Волково, скопско, управувајќи автобус удрил во бетонски столб од надвозник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците Б.Д.(81), М.Т.(84) и З.П.(78), сите од Скопје. Лицата се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” и Градска општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош и се задржани на понатамошно лекување.

Во незгодата исто така седум патници се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1