Полицијата убедена дека ќерката го извршила тројното убиство – таа тврди нешто друго


Триесет дена е продолжен притворот на ќерката од тројното убиство во Дебар, која сеуште е главна тема и во Македонија и во медиумите од регионот, но и светот.

Блерта Поцеста која е главна осомничена за убиството на мајката, таткото и помалата сестра, во нивниот дом во Дебар, тврди на полицијата дека таа не пукала.Таа призна дека го нарачала ликвидирањето, поради што притвор добија уште двајца мажи кои и помагале, но иако се најдени само нејзини траги, тврди дека таа не пукала.

Сепак, полицијата според доказите е убедена дека таа ги убила родителите и го повлекла орозот.

Настанот го потресе Дебар, како и цела Македонија. Семејството било вратено од Италија каде со години живее и работи, а Блерта ги убила бидејќи не и дале да се омажи за Италијанец, како што изјави на полицијата.

Семејството цели 17 часа лежело во крв пред да биде најдено, а сцените биле страшни.

Блерта заминала во Италија, па кога и јавиле за убиството за кое наводно не знаела, се вратила пак во Дебар за да ги оплакува своите мајка, татко и сестра.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1