Граѓаните скапо ги плаќаат становите како енергетски ефикасни, а всушност не се


Граѓаните плаќаат поскапо за станови што се водат како енергетски ефикасни, а всушност не се. Според сегашната законската регулатива, енергетската ефикасност кај новите згради се оценува додека се во фаза на проект, а не како финален продукт. Експертите го лоцираат проблемот во непрофесионалноста на градежниците. Новите правилници, што треба да стапат во сила до крајот на годинава, предвидуваат низа проекти и обуки како би се решил овој проблем.

“Сертификатите во овој момент се издадени на база проектна документација, а што се случило понатаму во текот на изградбата не се знае. Вие можете колку сакате добри материјали да внесете, колку сакате добри прозори да поставите. Доколку оние кои се на терен сето тоа добро не го имплементираат, ефектите од тоа се многу слаби”, објаснува Игор Панчевски, експерт за енергетска ефикасност.

Со измените во Законот за енергетика, секој кој сака ќе може да користи обновливи извори за производство на струја независно од останатите станари во зградата. А вишокот на енергија, што ќе остане неискористена, ќе може да го да компензираат кај енергетските компании.

“Кога не се дома, се очекува со новиот правилник да се каже како таа ќе се врати во систем и ќе се добие некаков тип надомест. Мислам дека нема да биде финансиски надомест бидејќи ЕВН нема да може, меѓутоа ќе може да се компензира со онаа потрошена енергија на домаќинството кога нема да произведува од фотоволтаиците, туку ќе повлекува енергија од самата мрежа. Ќе се компензира бидејќи ќе се вградуваат двонасочни броила”, вели Панчевски.

Експертите очекуваат дека со новиот Закон за енергетика домаќинствата сè повеќе ќе ја користат оваа можност, а енергетски ефикасните станови ќе станат стандард во делот на изградбата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1