Сириски бегалец обвинет за убиството на 13-годишно девојче во Ванкувер


Сириски бегалец обвинет за убиството на 13-годишно девојче во Ванкувер
Канадската полиција уапси 28-годишен бегалец од Сирија во врска со минатогодишното убиство на 13-годишната Мариса Шен во Ванкувер.

Шен исчезна во паркот во близината на нејзиниот дом, по што беа сослушани над 2.000 лица.

Откако полицијата повеќе од една година трагаше по сторителот, Обвинителството сега информираше дека покренало обвинение против Ибрахим Али од Сирија, кој дошол да живее во Канада во 2017 година, неколку месеци пред убиството на Мариса Шен.

По гневните реакции во јавноста, канадскиот министер за имиграција Ахмед Хусен соопшти дека секој бегалец што се прима во земјата минува низ детална безбедносна проверка пред да му се дозволи да влезе во Канада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1