Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев вечерва изјави дека неговиот став за референдумот е во согласност со одлуката на партијата секој да постапи според сопственото убедување, но оти неговиот предлог бил членовите на партијата да се повикаат да излезат на гласање и да гласаат „против“ референдумското прашање.
Јанчев во изјави за неколку електронски медиуми кажа дека тој е против Договорот со Грција за името и за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ демантира дека би гласал „за“ референдумското прашање и рече дека својот став на синоќешните состаноци на партијата го соопштил телефонски бидејќи не бил во можност да присуствува на нив во Скопје.