Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд


Уставниот суд во среда ќе го разгледа предлогот за оспорување на собраниската одлука за референдумот на 30 септември. Се работи за инцијатива која пред повеќе од еден месец ја поднесе политичката партија Левица откако парламентот на 30 јули одлучи да се распише референдум за промена на уставното име согласно договорот со Грција. Во инцијатвата Левица вели дека Одлуката е спротивна на Уставот на РМ, Законот за референдум, но и на Кодексот на Венецијанската комисија за добри референдумски практики.

„Доносителот на одлуката, кој во суштина поставил три прашања во едно, злонамерно и тенденциозно не ги формулирал одделно – како засебни алтернативи, туку недозволиво ги споил во едно, на кое е невозможно логички доследно да се одговори само со ЗА или ПРОТИВ. Со ова директно е повреден чл. 15, ст. 3 од Законот за референдум, кој изречно налага дека ‘ако се гласа за повеќе прашања, за секое прашање се гласа на посебно гласачко ливче’ “, стои во Иницијативата.

За Левица нејасен е и видот на референдумот кој е распишан. Во иницијативата се вели дека не постои консултативен референдум за сојузување, а Собранието на РМ никогаш нема донесено формална одлука за членство во ЕУ. „Договорот“ за кој се гласа, се нагласува во Иницијативата, не е ратификуван во согласност со Уставот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1