Над 400 приведени во штрајкот на градежниците на новиот аеродром во Истанбул
Турската полиција рано утрово приведе над 400 работници на изградбата на новиот истанбулски аеродром , откако почнаа со генералниот штрајк.
Работниците штрајкуваа и во текот на ноќта , откако работодавачите не се согласија со нивните барања за подобри услови за работа. Полицијата рано утрово упадна во импровизираните шатори на штрајкувачите и уапси околу 400 работници.
На вчерашниот штрајк полицијата користеше солзавец и водени топови за да ги растера градежниците на новиот аеродром .
Компанијата ИГА, која стопанисува со изградбата на аеродромот објави доцна синоќа дека ќе ги разгледа барањата на работниците. Но , до договор не дојде , зашто синдикатите не се задоволни со одгворот од компанијата.
Како причини за штрајкот работниците на градилиштето на новиот аеродром ги наведуваат несреќните случаи , лошата исхрана и сместувањето , како и проблеми со платите.
,, Не се однесуваат кон нас како кон луѓе .” , изјави еден од работниците , кој говореше пред медиумите за смртните случаи на градилиштето.