Ужас на Филипините : Супер тајфунот пустоши со брзина од 320 км/час – има загинати


Филипини се разбуди по ужасната ноќ во која тајфунот ,,Мангхат” пустошеше со ветришта со брзина од 325 километри на час.

Според последните информации најмалку две лица загинаа , од кои една жена која ветрот ја фрлил во море. Тајфунот е најсилно невреме годинава , многу посилен од ураганот ,,Флоренс “ што беснее во исто време во САД.

Стотици илјади луѓе се кријат дома , затворени се сите јавни установи и аеродроми ,патиштата се непроодни , а испловувањето на море е забрането.Ова е 15 тајфун што годинава ги погодија Филипините , но далеку посилен од сите други. На ударот на тајфунот се 5,2 милиони луѓе , од кои над 15 000 се евакуирани. Во раните утрински часови , тајфунот со несмалена жестина се приближува кон Хонг Конг.

од 4 милиони луѓе на Филипините се наоѓа на патот на опасниот тајфун Мангхут, додека на источниот брег на САД се доближува разорниот ураган Флоренс.

Тајфунот Мангхут има силина како ураган од петта категорија, а дува со брзина до дури 285 километри на час.

Земјите ширум источна и југоисточна Азија наредуваат евакуација, а додека на Филипините беснее Мангхут, Кина ја погоди тајфунот Баријат. 12 илјади луѓе се евакуирани од провинцијата Гуандонг.

Иако тајфунот Мангхут е поопасен, се верува дека ураганот Флоренс ќе донесе поголема штета затоа што погодува подрачја кои се населени и ќе разруши далеку повеќе инфраструктурни градби.

Мангхут веќе е на Маршалските острови на Пацификот и во Гуан предизвика поплави и снемување на електрична енергија. Овој тајфун е со иста силина како злогласниот Хајиан, кој во 2013 година однесе 6.000 животи.

На островите Црвениот крст прогласи вонредна состојба, а Дуерте, претседателот на Филипини одржа итен состанок.

На патот на опасниот тајфун е и Хонг Конг. Поради тоа многу летови од овој голем град ќе бидат пренасочени или откажани.

Обилните врнежи пратени со силен ветер веќе ја зафатија Северна и Јужна Каролина додека ураганот Флоренс од минута од минута се повеќе се приближува на источниот брег во САД.

Врнежите кои се надворешен дел од ураганот, тој ги донел до брегот, поплавени се патишта, а во некои делови се излиле реки. Околу 12.000 објекти главно на брегот на Северна Каролина останаа без електрична енергија.

Иако ураганот се спушти на категорија 2, тој останува опасен и непредвидлив, предупредуваат од Националниот центар за урагани. Предвидување дека со својата силина ќе удри на Кејп Фир во Северна Каролина во петок наутро по локално време и ќе донесе доста силни врнежи, пренесува Ројтерс.

Повеќе од десет милиони жители од три американски држави се предупредени на опасност од ураганот Флоренс, соопшти американската Национална метеоролошка служба.

Електроинженрска компанија „Дјук Енерџи“ соопшти дека поради ураганот без струја би можеле да останат три четвртини од нивните четири милиони корисници во Јужна и Северна Каролина, пренесува АП.

Исто така, компанијата предупреди дека прекинот на снабдување со струја би можел да потрае со недели.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1