Сара Џесика Паркер пред две години носела позајмен накит и заборавила да го врати.
Познатата холивудска актерка пред две години позајмила накит вреден 70 000 долари и заборавила да го врати . Сега бараат да им плати обештетување од 150 000 долари. Како и повеќето познати ѕвезди , и актерката позната по улогата во ,,Сексот и градот “ позајмила накит за да се појави на црвениот тепих.
Сара Џесика Паркер во 2016 позајмила накит од компанијата Design Kat Florence во вредност од 70 000 долари , а тие и дозволиле да го носи во наредните два месеца. Адвокатот на ѕвездата тврди дека не е така.
Тој вели дека компанијата и го дала накитот за да го носи на разни настани и да ги промовира. Кога истекол договорот , Сара сакала да го врати накитот , но од компанијата не биле заинтересирани , тврди адвокатот .
Но , сепак компанијата ја тужи актерката и бара од неа да им надомести штета од 150 000 долари.