,, Буба “ замина во историјата- Volkswagen го прекинува производството


,, Буба “ замина во историјата- Volkswagen го прекинува производството
Германскиот производител Volkswagen во јули 2019 ќе престане со производството на еден од автомобилите со најоригинален изглед , познатата ,,Буба” .

Германската компанија соопшти дека ќе го запре производството на овој автомобил во нивната фабрика во Мексико . откако ќе бидат произведени јубилејните модели.Популарниот автомобил има корени од нацистичка Германија , кога во 30 – тите години на минатиот век беше произведен како ,,народен автомобил” , а стана популарна и по филмот на Дизни , како автомобилот Херби.

Volkswagen се реши на овој потег откако падна побарувачката за овој автомобил , особено на најважниот , американски пазар , каде купувачите се преоринетираа кон поголеми автомобили. Германскиот производител најави дека ќе се фокусира на семејни и електрични автомобили. Последните модели на ,,Буба” ќе бидат произведени во купе и кабриолет верзија.

,, Загубата на ,,Буба” по три генерации и по седумдесет години ќе предизвика многу емоции кај бројните обожаватели. “ , изјави извршниот директор на американската групација на Volkswagen, Хајнрих Вебкен.

Во текот на осум месеци од 2018 биле продадени 11 151 ,,Буба” , што е за 2,2 проценти помалку од истиот период минатата година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1