Полицијата во мексиканската сојузна држава Сонора соопшти дека биле пронајдени шест отсечени глави во преносен фрижидер, оставен покрај пат.
Идентитетот на убиените не е соопштен, а исто така, не е познато и дали се пронајдени нивните тела.
Главите биле пронајдени вчера во близина на градот Обрегон. Наркобандите често пати оставаат отсечени глави како знак за предупредување на ривалите или властите.